Како пишувањето на домашната задача да биде забавно

Постојат деца кои го сакаат училиштето и уживаат во домашните задачи, но за жал, многу побројни се тие кои се друго ги интересира освен учење.

За да ги мотивирате за домашни задачи, стручњаците препорачуваат на вашите деца да им го обезбедите следното:

Интересен работен простор

Како и возрасните и децата се попродуктивни кога работат во интересно и креативно опкружување. Некои деца, посебно постарите сакаат да работат домашна на трпезариска маса. Излезете им во пресрет и помогнете им тој простор да го направат уреден.

Награди

Системот на награди е важен и треба да се воведе од најрано детство. Воспоставете некој систем, па кога станува збор за деца од помали одделенија, договорете се дека за секоја извршена задача ќе се добие ѕвездичка. Не претерувајте со награди за да не го навикнете детето да учи само да добие нешто.

Работна атмосфера

Често на детето може да му биде тешко да се концентрира на работа ако сите околу него уживаат. Затоа додека тоа се концентрира, не гледајте серија и оставете го мобилниот па посветете се на своите обврски.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk