Како правилно да ја одберете перницата на вашето дете

Правилниот избор на перница која ќе одговара на возраста и градбата на детето може да реши голем број психосоматски проблеми кои настануваат поради лошата подлога на главата и вратот во текот на спиењето.

 

Кога одбирате перница за своето дете, многу е важно да внимавате детето кое лежи со главата врз перницата да не може да си ги види прстите на нозете додека е во хоризонтална положба.

Тоа е идеална висина на перницата за едно дете.

Свртено настрана, главата на детето треба да биде во иста линија со продолжувањето на рбетниот столб.

Идеална перница е токму онаа која што ја овозможува оваа поставеност на вратот и главата во однос на телото токму поради тоа што рбетниот столб треба да има максимална хоризонтална положба со присутни физиолошки кривини исто како кога би бил во седечка положба.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk