Како првата љубов да не биде болна

Ако сте среќни тинејџерот да ви каже нешто од приватниот живот не запоставувајте туку сфатете го како сигнал дека му треба помош. Една од првите работи кои треба да му ги разјасните е дека за врска полна со љубов потребно е да го познавате партнерот.

Објаснете дека пеперутките во стомак се убаво чувство, но тоа е само мал дел од љубовниот однос.

Она што може да биде болно се невозвратените емоци. Во тој случај советувајте ги да не се обесхрабруваат, но исто така важно е да им се објасни дека постојат лица кои не се вредни за нивниот труд.

Многу е важно ако забележите дека детето да ја губи самодовербата и за тоа да разговарате.

Ако детето има симпатија тоа нема да се одвојува од мобилниот телефон, но бидете внимателни тоа да не влијае на неговите секојдневни обврски.

За да избегнете кавга, обидете се да направите компромис, бидејќи секоја забрана ќе биде контрапродуктивна.

Исто така важно е да бидете добар слушател. Чувството дека го разбирате може позитивно да влијае на него.

Забелешките и критиките може да доведат до тоа детето да престане да ви се доверува. Мора да бидете раме за плачење, личност кој го поддржува но некој кој дава простор кога тоа им е потребно.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk