Како родителите да се справат со ноќното мокрење на децата

Родителите треба да знаат дека ноќното мокрење не е редок проблем во детството, дека не е ничија вина и дека детето не треба да биде казнувано ако уринирало.

При донесување на одлука за избор на терапија се советува редовно внесување на течности во текот на денот и ограничен внес пред спиење, мокрење пред легнување и избегнување телевизија и видео-игри.

Мотивационата терапија која подразиба наградување на детето за исполнивање на обврските за внес на течности и редовно мокрење пред спиење, или кога подолг период се буди суво, кај некои деца може да доведе до решавање на овој проблем.

Медикаментната терапија е насочена кон намалување на количината на урина настаната за време на вечерта кај децата кај кои ќе се утврди зголемена продукција на мокрача за време на спиењето.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk