Како сексот може да го убие брачниот живот

Рутината во кревет, избегнување на секс и вечниот замор можат да го разнишаат бракот. Партнерите меѓусебе се оддалечуваат и своите потреби ги задоволуваат во туѓ кревет.

Избегнување на сексот како казна

Партнерите треба рамноправно да одлучуваат за сексуалниот живот, а не да го користат како средство за уцени или награди

Брак без секс

Речиси 15 проценти од двојките немаат секс по цела година. Во тој случај постојат две опции или бракот се претворил во платонска врска или двојката одлучила да остане заедно поради децата и финансиите. Недостатокот на сексуална желба може да биде последица на депресија, стрес или здравствени проблеми. Се поврзува и со недостаток на доверба, проблеми со интимноста и нерешени несогласувања.

Заморот како виновниок за лошиот сексуален живот

Недостатокот на време за секс може да го загрози бракот, ако таквото однесување стане трајно. Замор, работа или семејни обврски можат да ги оддалечат сопружниците. Може да се договорите барем еден состанок неделно и да одредите ден за двајцата.

Сексот со партнерот не е повеќе уживање

Голем број на брачни двојки се жалат дека не уживаат во сексот. Проблемот најчесто се крие во недостаток на комуникација, рутина и непредвидливост.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk