Како влијае над бебето царскиот рез по барање на мајката

Објавено на: Jun 30, 2016 од Мама Ане

Најчесто поради стравот од болката при вагиналното породување жените бараат да се породат со царски рез.

Породувањата кои завршуваат со царски рез по барање на идната мајка општо се познати под името “ладни “царски резови.

Според податоците изнесени на Европскиот конгрес за перинатална медицина, 35 од 1000 бебиња се родени со царски рез по барање на мајката.

Неодамнешните истражувања укажуваат дека децата кои се родени со царски рез за кој не постоеле реални медицински индикации да биде извршен, поради фактот дека не поминауваат низ родилниот канал покрај не постоењето на никаква пречка да го поминат тој пат, се многу поподложни на респираторни инфекции, астма и други компликации на дишните патишта по раѓањето.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…