Како зачините влијаат на нашето здравје

Освен што се незаменлив додаток на јадењата, две лажици рузмарин, цимет, лути пиперчиња или црн пипер топат и до 30 отсто од мастите во организмот.

Освен тоа истражувањата покажуваат дека внесуваме 10 проценти помалку храна кога оброкот е зачинет.

Оригано

Ова растение ефикасно ги отстранува уринарните инфекции и за кратко време ја ослободува ешерихија коли.

Ѓумбир

Топол чај од ѓумбир ја намалува температурата и го подобрува потењето па овој лут зачин е ефикасен лек против воспаленија.

Босилек

Освен што е вкусен босилекот е одличен лек за инфекции на дишните органи, па често се пие како чај.

Кари

Антиоксидансите кои ги содржи може да ја намалат маснотијата во крвните садови со што се спречуваат бројни болести.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk