Каква храна да консумираме секојдневно

Не мораме да бидеме фанатици за здрава храна, но тоа што можеме да го направиме е барем малку да се потрудиме почесто да ги конзумираме состојките кои се корисни на нас, а да заборавиме на она кои не само што не здебелуваат, туку и го влошуваат нашето расположение и ни предизвикуваат влошување на здравјето.

Ова е храната која треба да ја конзумираме секојдневно.

Шумско овошје

Боровинките, јагодите, малините, капините и рибизлите се чест фаворите во суперхраната која ја нарекуваат нутриционистите. Тоа е така бидејќи тие се богати со антиоксиданти кои го победуваат ракот, но и можат да го забават процесот на старееење, а помагаат и во намалување на ризикот од срцеви заболувања. Освен тоа, тие се многу вкусни.

Конзумирајте ги наутро во смути или со овесните снегулки, или како здрав десерт во текот на денот.

Зелен зеленчук

Тука спаѓаат зелката, спанаќот, ќељот, брокулата, карфиолот и другиот вид на ваков зелен зеленчук. Тој е една од најздравите храни кои можете да ги конзумирате, а содржат и малку калории. Тие штитат од рак, но и се важни за здравата кожа. Освен тоа, со нивна помош ќе можете да го зајакнете имунитетот за студените, зимски денови.

Семиња и јаткасти плодови

Семињата нудат многу бенефити за нашето здравје, но и убавина. Тие се богати со протеини, Б витамини и фитохемикалии. Најдобрата состојка која ја содржат дел од нив се омега 3масните киселини. Се препорачува да се конзумираат мелени, бидејќи доколку не ги сомелете, голема е веројатноста дека тие само ќе поминат низ вашето тело, без нивните хранливи материи. Во однос на јаткастите плодови, се препорачува да се конзумираат живи, бидејќи нивните состојки се уништуваат кога тие се печат или пржат.

Конзумирајте ги наутро во вашите смути, додадете ги во супите и салатите и земајте лажица од нив со мед за подобар имунитет.

Кромид и лук

Иако голем дел од нас ги избегнуваат, особено поради нивниот интензивен мирис, сепак тоа не значи дека не се една од најдобрите суперхрани кои можете да ги најдете во својата кујна и тоа за значително пониска цена од останатата храна. Според едно истражување спроведено во 2006 година, луѓето кои не конзумирале редовно кромид и лук се соочиле со поголем ризик за заболување на 5 различни видови рак и тоа за 50-88 %.

Во однос на нутритивната вредност, повеќе боја значи и повеќе хранливи состојки. Тоа значи дека црвениот кромид е многу подобро решение од обичниот, жолт кромид. Како и семките, најдобри се кога се конзумираат свежи, бидејќи така се задржуваат нивните хранливи состојки.

Куркума

Ова е магичниот зачин кој е омилен на нутриционистите. Здравствените бенефити од куркумата се многубројни, а тие се однесуваат на намалениот ризикод рак и антивоспалителните состојки кои спречуваат различни заболувања. Освен тоа, тој е одличен за кожата, бидејќи ја прави мазна и нежна, додавајќи и убава боја.

Додадете го во вашите смути, во млака вода, во млеко или во вашите салати и супи.

Зелен чај

Освен антиоксидантите кои ги содржи, зелениот чај е навистина одлична замена за кафето. Тој содржи и фитохемикалии кои не можете да ги најдете во другите чаеви. Одличен е за доброто здравје, добросостојба, но и за добра кожа. Зелениот чај го успорува стареењето и затоа треба да се конзумира редовно, секој ден.

Пијте по минумум 2 чаши дневно и обидете се да го замените кафето со овој магичен напиток.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk