Какви проблеми имаат децата

„Ех да сум сега дете без никакви проблеми…“ оваа реченица често знае да ја спомене секој родител кога ќе му дојде тешко. Но дали навистина децата немаат проблеми? Познавачите велат дека децата се најголемата рефлексија на состојбата дома. Нивниот однос е одраз на вашето расположение. Сите обврски кои ги имаат и начинот на кој живеат, околината која ги опкружува и местото за кои сами ќе се изборат или не можат да се изборат ги создава детските проблеми. Мама365 во разговор со стручни лица, се обиде да направи куса листа на сериозни детски проблеми.

Сиромаштијата е најголем проблем со којшто се соочуваат децата во Македонија

Несоодветни услови за живот кои им го попречуваат оптималниот раст и развој, како резултат на сиромаштија. Ова одамна претставува главен проблем за кој на СОС телефонот од детската амбасада Меѓаши добиваат повици. Едно семејство за да го пушти детето во училиште мора да биде со уредна облека и обувки, со училишен прибор, а доколку тоа не се исполни ќе бидат дискредитирани и отфрлени од средината, велат оттаму.

Форсирање со многу активности

Амбициозни родители ги тераат своите деца да се социјализираат преку различни активности надвор од училиштето. Важно е да бидат свесни дека многу активности  не им се потребни. Ги зачленуваат во разни спортски клубови, одат да изучуваат јазик, да прават експерименти, да учат математика и слично. Претерувањето носи контраефект во растењето кај детето, а во неговата глава тоа стои како дополнителна обврска која мора да ја заврши. Родителите не треба да се плашат дека нивните деца ќе добијат лоши оценки, туку дека децата ќе го замрзат училиштето и учењето воопшто.

Домашни задачи

Домашните задачи многу често можат да бидат вистински проблем за децата. Важно е да знаете дека секогаш има некоја причина за тоа, а нема никаква причина со мрзливоста. Вистинската причина е недостатокот на мотивација и волја, а ваша задача е да дознаете од каде тие доаѓаат.
Меѓу посериозните причини зашто вашето дете се мачи да пишува домашна работа може да бидат внатрешен притисок, хипертензија, психолошки проблеми како недостаток на внимание и хиперактивно нарушување. И наместо да се мачите зашто детето не може да ја напише домашната, најдете ја причината и обидете се да ја решите.

Дозволете му на детето да има слободно време

И на децата им е потребен одмор исто како и на возрасните.Многу е важно секое дете да има слободно време неколку часа дневно каде нема да прави ништо посебно.

Односот на родителите кон детето

Кога ќе бидат поделени оценките и кога целата нервоза околу тестовите ќе исчезне, единственото нешто што е важно е вашата доверба, разбирање и пријателскиот однос што го имате со вашите деца. Убаво е вашето дете да е ученик со сите петки, но поважно е да го задржите односот на исто ниво како кога вашите деца биле мали. Можете и треба да бидете подобри родители. Важно е да имате амбиции за вашите деца, но најважно е да ги сакате.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk