Календар на нега на зафатена мама

Објавено на: May 27, 2015 од Мама Силвана

Поради сите обврски, ретко мајките имаат време за посета на козметички салони и уживање во третмани за разубавување и опуштање. Но тоа не значи дека мора да се откажете од малите ритуали во кој сите уживаме.

Хидрирање на кожата

Најдобро време за да нанесете дневна хидрантна крема е веднаш по утринско туширање.За најдобри ефекти, не ја тријте кожата со пешкир, туку само тапкајте.

Шминкање

Десетина минути по нанесување на дневната крема за нега на лице е доволно време за кожата да го впие кремот и природно да се заштити.

Пилинг

Во вечерните часови, пилингот пред да заминете во кревет значи дека ќе можете да ги отстраните мртвите клетки. Покрај тоа, благодарејќи на пилингот вашата кожа полесно ќе ја впие ноќната крема.

Нанесување на маски и специјлани третмани

Измеѓу 21 и 22 часот клетките на кожата се обновуваат и полесно се впиваат и користат производте за нега. Ова посебно важи за третманите и отстранувањето на акни или анти-ејџинг препарати.Температурата навечер може да порасне за еден или два степени, што привремено ги шири порите и го олеснува впивањето и искористувањето на препаратите кои сте ги нанеле.

Депилација

Една недела по менструација, најмалку боли депилацијата. Ако се обидете тоа да го направите пред или за време на менструацијата, ќе биде болно.

Коса

За вадење прамени најдобро е пролет или лето кога со помош на сонцето природно осветлува косата. Додека бојадисувањето се прави на есен или на зима.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…