Калин е предвреме родено бебе, приказната за малиот борец ни ја раскажа Бранкица

Објавено на: Nov 17, 2015 од Мама Силвана

Денеска во Македонија се одбележува Светскиот ден на предвреме родените бебиња. Иако има многу активности поврзани со овој ден, сепак мајките на предвреме родените бебиња знаат со кои стравови и дилеми се соочуваат жените, додека нивните најмили се во инкубатор и се борат за живот.

Приказната за еден таков борец ни ја раскажа Бранкица Јосифовска, мајка на херојот Калин, кој денеска е пет месеци. Калин се родил во 34 недела и 6 дена, една недела пред неговата мајка да влезе во деветти месец. Бранкица се породила на 13 јуни, а краен термин за породување бил 19 јули. Иако предвреме, бебенцето сепак имало голема килажа 3500 грама.

„Калин беше во инкубатор 18 дена, од кои 10 беше приклучен на апарат за дишење. Тој за тоа време се наоѓаше на интенизвна нега. За сето време имав дилема и страв дали ќе преживее, зашто беше многу критично. Од 70 деца на одделение, тој беше меѓу најкритичните,“ вели Бранкица.

Во тие моменти, постојано се прашувала како е, што се случува со него, секој ден нови дилеми.Откако Калин го поминал критичниот период, редовни контроли има на секои три месеци до првата година и на шест месеци на втората и третата година.

„Имаме еден куп контроли, но немаме некои посебни совети од лекарите за Калин како предвреме родено бебе. На неврологија на Клиниката за детски болести каде што одиме на контрола за раст и развој, ни даваат некои вежби за рачиња и ножиња,“ вели Бранкица.

Таа ги советува сите мајки на предвреме родените бебиња, дека треба да бидат храбри во тие моменти и позитивно да размислуваат без никаков негативен став. Треба да одат со помислата дека наскоро бебето ќе го држат во раце, зашто мво тие моменти е најпотребна.

Исто така порачува дека треба да се има верба во лекарите. Денеска Калин е весело бебенце кое ужива во моментите со неговите родители и постарото братче Благој.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…