„ Капењето на децата и палачинките се моја работа “, интервју со Илија Грујоски од МТВ

Тој е најнасмеаниот водител, најразигран танчер и најрасположен ДЈ. Илија Грујоски, водителот од утринската програма на МТВ, плени секогаш кога ќе се појави на екран. Неговата насмевка го предизвикува секој мамурлак. За семејството, сопругата, двете дечиња, новинарството и танцот во интервјуто за Мама365.

Мама365: Во колку часот станува Илија за да им посака убав ден на гледачите со насмевка?

Илија Грујоски: Станувањето рано ми прејде во навика, убаво е кога денот почнува од 5 часот изутрина, трае долго и можеш сите обврски да ги завршиш навреме. Посебно сум благодарен што можам секое утро да го видам изгрејсонцето, тоа е посебно чувство кое ми дава сила и мотив за сите предизвици во денот, а насмевката и радоста е нешто што ми е природно, тоа доаѓа од Бог.

Мама365: Колку имаш време да им посветиш на твоите деца? Ги делите ли обврските со сопругата?

Илија Грујоски: За мене семејството е најважно, и тоа е на прво место. Децата даваат смисла на животот, помислата за продолжување на генерацијата е нешто што секогаш ме восхитувало. Кога станува збор за домот, се трудам да бидам од голема помош за сопругата Ана која има многу милост во одредени ситуации и ме поштедува. Но знам да ја изненадам со некој убав ручек, или време за нас, посебно кога ќе заспијат Симон Петар и Јован Марко. Грижата околу капењето на децата е моја, криенка, танцот, театар, неделните палачинки и слично.

Мама365: Импресионира фактот дека рано почнатиот ден, за Илија може да трае долго, зашто обврските како ДЈ обично се доцна во ноќта. Од каде ја собираш енергијата?

Илија Грујоски: Оваа година во мај одбележувам неверојатни 15 години откако го започнав проектот ДЏ Илија Салса Академија. Велам неверојатни зошто направивме буквално чудо со Латино музиката во МАкедонија. Многу тешко, напорно чекор по чекор по 15 година МАкедонците ја обожуваат латино музиката и се повеќе од присутни на моите забави низ цела Македонија. Еден град посебно се издвојува тоа е Битола и неприкосновениот клуб „Расчекор“ и мојот драг пријател Марио кој препозна вистинско шоу во тоа што го правам па цели 5 години соработуваме заедно. Кога настапуваш од доцна до раните утрински часови на фановите треба да им дадеш повеќе од што можеш и од што мислиш, а тоа го обезбедува само Бог, јас силно верувам во него и во неговото дело.

Мама365: Насмевката и ведрината е твојот заштитен знак. Има ли свој придонес и љубовта кон танцот што им ја пренесуваш на оние кои сакаат да играат во твојот клуб?

Илија Грујоски: Академија Рекреатива ја отворивме пред 3 години и замислата е таа да прерасне во организација преку која танцот ќе зближува, а музиката ќе биде терапија. Работиме со дечињата од домот и имаме одлични резултати кога се однесува до нивната здравствена состојба но и психичка. Од минатаа година работиме и со самохраните мајки и нивните дечиња во посебни групи, а даваме и придонеси во многу хуманитарни акции, поддршка на болни дечиња, хендикепирани, млади, возрасни и пензионери. Нашата мисија е:„ да ја запознаете подобрата верзија од себе“, а таа е тука не се крие, длабоко во сите нас чека да излезе на сцена

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk