Кашичка од авокадо и тиква

Совршена комбинација на состојки која ветува богат извор на нутритивни елементи потребни за бебињата постари од седум месеци.

Потребни сосотојки:

  • едно авокадо
  • 50 грама тиква
  • малку млеко

Начин на подготовка:

Авокадото преполовете го, извадете му ја коската, па со лажичка издлабете го овошјето. Тиквата сварете ја во вода на оган. Оладена, заедно со авокадото ставете ја во блендер и добро промешајте. По потреба додадете млеко.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk