Кашичка од црвен грав

Објавено на: Jan 03, 2017 од Мама Ане

Превкусен оброк од црвен грав богат со растителни влакна и протеини.
Потребни состојки:
– 50 грама црвен грав
– вода
– една лажичка маслиново масло
Начин на подготовка:
Зрната грав сварете ги на вообичаениот начин. Исто така можете да употребите и црвен грав од конзерва, со тоа што пред да го обработите ќе го измиете и варите околу десетина минути.
Процедени ставете ги во блендер и мешајте се додека не добиете смеса која наликува на пире.

Во пирето додајте го и  маслиновото масло и послужете го готовиот оброк на вашето малечко.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…