Кашичка од јачмен и банана

Здрав оброк од јачменово брашно погоден за бебиња постари од седум месеци.

Потребни состојки:
– половина шолја јачменово брашно
– 1 шолја вода
– малку адаптирано или мајчино млеко
– 1/3 банана

Начин на подготовка:
Ставете ја водата во сад на оган да зоврие. Потоа постепено додавајте го јачменовото брашно. Варете на тивок оган околу пет минути. Потоа тргнете го садот од оган и разредете ја кашичката со млеко ( количина по потреба ). На крај додадете ја испасираната банана.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk