Кашичка од кељ со жолчка

Вкусен оброк за бебиња постари од десет месеци.
Потребни состојки:
– два помали компира
– едно парче кељ
– едно јајце

Начин на подготовка:
Во сад на оган сварете ги кељот и компирите исецкани на помали парченца.
Во посебен сад тврдо сварете едно јајце и оделете ја жолчката.
Сварениот зеленчук изблендирајте го заедно со жолчката а густината на кашичката одредете ја според ваша желба, додавајќи од водата во која се варел зеленчукот.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk