Кејт и Вилијам чекаат трето дете

Кралската палата Кенсингтон соопшти дека војводата и војвотката од Кембриџ, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, очекуваат трето дете.

Во соопштението се вели дека кралицата Елизабета и семејствата на таткото и мајката, се задоволни од идната принова во кралското семејство.

Вилијам и Кејт имаат две деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот.

Медиумите во Лондон потсетуваат дека со двете свои претходни бремености Кејт имаше проблеми, со мачнина и повраќање, па затоа таа уште од денеска ќе се повлече од планираните активности да работи во еден лондонски детски центар.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk