Ќофте од коприва ( одлично за подобрување на крвна слика) +8 месеци

Објавено на: Jan 31, 2015 од Мама Кате

Доколку сакате да ја подобрите вашата крвна слика, ова е одличен рецепт за вас. Погледнете го рецептот во продолжение.

 

  • 250 грама млада коприва
  • 200 грама кромид
  • 2 јајца
  • 250 грама сирење
  • 1 мало лукче
  • Малку першун
  • 4 полни лажици пченкарно брашно
  • 2 полни лажици пченично брашно

Младата коприва се мие и се обарува.

Обарената коприва добо се цеди и ситно се сецка. Се додава ситно сецканиот млад кромид и лук, јајцата, излеменото сирење, ситно секцаниот першун, двете врсти на брашно како и лажица сол. Се меша добро за да се соедини смесата. Се прават топчиња во форма на ќофте и се пече на хартија за печење без масло.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…