Кога детето е бунтовник со или без причина

Ако забележите дека вашето дете има аверзија спрема учењето како резултат на бунт против системот, објаснете му дека може да го победи системот само ако биде подобар, а не полош од него. Тоа значи дека треба да го вооружите со вистинска компетенција, знаење, вештини и способности кои ќе му помогнат да ги оствари своите желби.

Затоа нека учи за себе, а не поради други и поради оценките. И ако тоа не сака да го прави низ формално, нека го прави низ неформално и самообразование. Поттикнете го во своето слободно време што повеќе да чита, истражува, и да ги изградува своите способности на начин на кој нему најмногу му одговара.

Не грижете се толку за оценките туку потрудете се повеќе да ги развие потребните способности и вештини кои не ги добива во училиште туку при воспитувањето и растењето. И сами знаете дека оценките не се мерило на паметот. Уверете го своето дете дека образованието е предуслов, (ако не гаранција) за успех и среќа во животот. Но со образованието треба да се развиваат и многу други доблести, како и да сеусвојуваат одредени вештини за да се остварат соништата.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk