Кога е најдобро време за учење на странски јазик

Објавено на: May 23, 2015 од Мама Силвана

Иако досегашните искуства покажуваат дека децата лесно го усвојуваат странскиот јазик кога се помали, битно е да се каже дека почетокот на учење на странски јазик во седмата година од животот е доволно рано за да го усвои изговорот во акцентот и успешно да напредува во усвојувањето на новиот јазик.

Постојат многу аргументи кои одат во прилот на учење на странски јазик од мали нозе, сепак за јазикот е неопходна работа во текот на целото школување . На тој начин учењето го следи созревањето на детето, што значи дека некои новостекнати мислечки шеми му овозможуваат некои јазички структури лесно да се разберат и применат.

Совет до родителите е пред да воведат нов јазик за детето, да побараат совет од логопед кој ќе го процени говорно –јазичниот статус на детето. Нормално, новиот јазик постепено се учи низ игра и сликовит материјал .


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…