Кога мајките се одлучуваат да ги негираат сопствените потреби

Не е лесно да се биде растрчан на две страни- да се гради кариера од една и да се биде секогаш на располагање на семејството од друга страна. Како изгледа таа растргнатост најмногу знаат мајките.

Не е лесно во сите тие обврски кои со себе ги носи родителството мајката да има време за себе.

Но гледано од еден поинаков аспект всушност и не е толку тешко таа да ги остави децата кај бабата и дедото и да замине на романтично патување со сопругот, да се посвети на своето хоби, три пати неделно да оди во теретана, на часови по странски јазик, бидејќи во улогата на мајка жената има право да биде среќна и исполнета правејќи го тоа што таа го сака и водејќи грижа за самата себе.

Со грижа на совест, за тоа време мајката размислува како можела да ги испере алиштата, да ги испегла, да зготви, да исчисти, да ги собере играчките низ домот… Баш тие два часа во денот колку и на прв поглед да делуваат како изгубено време, тие се моменти кои ќе ја направат една мајка среќна. Но пак останува прашањето некаде длабоко во потсвеста- дали е можеби подобро да го поминев тоа време со своите деца?

Што чувствуваат мајките што се одлучуваат на исклучиво негирање на сопствените потреби? Страв, мрзеливост? Или пак зависност од детето кое утре ќе има свој живот. Што е тогаш со мајката? На пример, во доцните четриесетти или педесетти години тешко ќе дојде до уште една шанса да ја работи работата од соништата.

Некои мајки многу брзо по раѓањето на детето им се враќаат на сопствените обврски. Она што всушност е важно е да се прифати фактот дека детето треба да се вклучи во животот на родителите, а не родителите да се вклучат во животот на детето.

Ако е мајката среќна, среќно е и детето. Ако мајката го жртвува тоа што неа ја прави среќна, логично таа е несреќна мајка, без разлика колку и да го прикрива тоа.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk