Кога стравот дека вашиот партнер ќе ве напушти е поголем од вашето достоинство

Според психолозите, една од најголемите заблуди со кои се соочуваат многу луѓе кои се во брак е таа дека можеме да натераме некого на одредено однесување. Па така „ Ако јас….тогаш тој….“! Тоа не оди баш така.

Вистината е дека никого не можете да натерате да се однесува така како што вие сакате, но секогаш можете, ако таа личност продолжи да се однесува нефер кон вас да и речете „Догледање“!

Или не можете да го направите тоа?

Најчесто стравот од загубата на партнерот, врската, бракот е тој кој ги спречува луѓето да влезат во конфликт, да побараат од самите себе да останат доследни на своите барања и ставови.

Ако верувате дека нема да можете да функционирате понатаму во животот без таа личност, дека ниту по една цена не смеете да ја изгубите, тоа за вас лично ќе значи целосна катастрофа. Можеби не во моментот, но подоцнежно ќе се појаваат тие негативни реперкусии врз вас и вашата личност во целост. Вие самите ќе се поставите во инфериорна, зависна позиција а тоа значи дека повеќе нема да бидете рамноправни.

Од таквата позиција лесно ќе попуштате на секоја грешка и нема да можете да останете доследни на своите идеали.

Тоа е однос во кој всушност вие сте емоционално уценети„ Ако не е по мое, ќе те напуштам“ Можеби сте го слушнале ова од вашиот партнер.

Кога дозволувате другите постојано да ги прегазуваат вашите граници и да не ги почитуваат вашите одлуки и потреби всушност самите го газите сопственото достоинство.

Првиот чекор кон повторното градење на самопочитувањето е поставувањето на граници, што не значи дека не треба да бидете подготвени на компромис.

Кога често дозволувате некој да ги преминува тие ваши граници всушност вие сте на страната на таа личност, не на својата. Поставувањето на граници значи дека понекогаш треба да бидете подготвени на конфликт кој во краен случај може да значи и загуба на врската и партнерот. А тоа во одредени околности може да биде најдобрата опција за вас.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk