Кога тампоните доведуват до синдром на токсичен шок

Објавено на: Sep 07, 2016 од Мама Ане

Иако тампоните се идеална замена за хигиенските влошки, сепак внимателноста при нивната употреба секогаш треба да биде на повисоко ниво.

Поради топлината и влажноста во вагината на површината на тампоните лесно и брзо се размножуваат микроорганизми, па со тоа се зголемува ризикот за појава на синдромот на токсичен шок.

Секогаш обирајте тампони од проверени произведувачи и менувајте ги често. Имено,  до токсичен шок доаѓа кога бактеријата Staphilococcus auerus ослободува отров кој се шири низ телото преку крвта.

Овој синдром е многу редок, но исклучително опасен. Повеќе од половина од сите регистрирани случаи на синдромот на токсичен шок се забележани кај жени кои користеле тампони.

За среќа, со правилна употреба и секако редовно менување на тампоните, ризикот за оваа несакана појава е значително мал.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…