Кои чаеви се добри, а кои не во бременоста?

Поради предупредувањата на стручњаците за кофеин во чајот, многу трудници  не се сигурни што требда да изберат а што не.Растителните чаеви се безбедни и корисни за време на бременоста се додека не се конзумираат во преголеми количини.

Растителните чаеви го хидрираат организмот, му пружаат хранливи материи а со тоа содржат и антиоксиданси и витамин Ц кои го ублажуваат стресот. Исто така одредени видови чаеви можат да ја ублажат утринската мачнина и да ја подготват матката за породување.

Чај од ѓумбир

Ги ублажува мачнините, помага при варењето и ги решава стомачните проблеми. Чајот од ѓумбир се пие најмногу трипати дневно

Чај од коприва

Копривата е богата со железо, магнезиум и калциум поради што се советува да се пие двапати дневно.

Чај од лист од малина

Содржи калциум и магнезиум, треба да почне да се пие по второто тримесечје од бременоста. Благотворно дејствува на матката, а превентивно и на постпородилната хеморагија.

Чај од глуварче

Овој чај помага при крајот на бременоста доколку жената страда од задржување на течности. Листот од глуварче е богат со калиум, и има диуретско дејство.Поради тоа се препорачува да се измеша со друг чај.

Чај од нане

Ги опушта мускулите на стомакот и ги ублажува деловите на овој дел од телото. А помага и при мачнините на почетокот на бременоста.

Чаеви кои треба да ги избегнувате

Судејќи според бројни истражувања, коефинот е една од најзабренитите состојки во бременоста бидејќи научниците веруваат дека директно влијае врз тежината на плодот. Една студија покажува дека брзо и лесно се апсорбира и без проблеми поминува низ плацентата.

Затоа не треба да се конзумираат напитоци кои содржат кофеин, како што се црн и зелен чај, како и чај од кантарион.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk