Кој е највпечатливиот симптом на децата со Аспергеров синдром

Објавено на: Sep 13, 2016 од Мама Ане

Аспергеров синдром претставува нарушување во развојот. Аспергеровиот синдром е аутистично нарушување, кое е едно од различните групи на невролошки состојби кои се карактеризираат со поголем или помал степен на оштетувања во јазикот и вештините на комуницирање, како и повторувачки и рестриктивни шеми на размислување и однесување.

Највпечатлив симптом кај Аспергеровиот синдром претставува опсесивниот интерес на детето во еден објект или тема.

Децата со Аспергеров синдром сакаат да знаат сè за својата тема од интерес. Нивната експертиза, високото ниво на вокабулар и официјалниот говор ги прават да изгледаат како мали професори.

Други карактеристики се повторувачки рутини или ритуали; особености во јазикот и говорот; социјално и емотивно несоодветно однесување и неможноста да комуницираат успешно со врсниците; проблеми со невербалната комуникација и несмасни и некоординирани моторни движења.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…