Која храна создава целулит

Целулитот претставува воспаление на кожата поради акумулација на поткожните маснотии и неправилното нејзино складирање и деградација.

Газирани засладени пијалоци
Старееме и производството на колаген во телото се намалува. Тоа е процес на кој тешко може да се спротиставиме. Но, внесувањето на газирани и засладени пијалоци го забрзува процесот и ја влошува ситуацијата.
Затоа едноставно престанете да пиете слатки и газирани безалкохолни пијалаци, ако сакате да се заштитите од целулит.

Урда
Урдата се препорачува кај почитувачите на диета за слабеење поради ниското количество масти. Таа сепак е солена, а тоа е предуслов за задржување на повеќе вода и минерални соединенија во телото. Тие предизвикуваат појава на целулит и непријатните жлебови по кожата, познати како “кожа како портокал”.

Соја сос
Соја сосот предизвикува појава на целулит поради истата причина – неумерена соленост. Освен тоа честата употреба на соја сос предизвикува и поголема видливост на целулитот.
Забележете – комбинацијата на натриум хлорид и вода не е добра опција не само за целулит, но е штетна и за кардиоваскуларниот систем.

Преработени десерти
Сите колачи, вафли, барови, месени колачи и торти се причина за појава на целулит. Тие содржат огромни количини на шеќер, кои не само што предизвикуваат дебелеење, но и ја прават кожата воспалена и кадрава од целулит.
Шеќерот е главен непријател на колагенот. А, колагенот е пријател на здрава кожа.

Бел леб
Рафинираното брашно ја влошува состојбата на кожата и го прави целулитот уште повидлив. Белите брашна и производите направени од нив го зголемуваат гликемискиот индекс, што повторно влијае на колагенот и метаболизмот на хранливите материи.

Како резултат на обработката во организмот се акумулира вишокот масти, кои се складираат во масните депоа.

Маргарин
Маргаринот е богат со транс масти, кои имаат својство да се зацврстуваат кога ќе влезат во телото. Така ги оптоварувате крвните садови со плакети, кои помагаат за акумулација на лош холестерол и се депонирани во поткожните масни депоа.
Целулитот во случајот дури ви е најмалиот проблем. При прекумерна употреба на маргарин здравјето може сериозно да настрада.

Пица
Пицата е омилена на милиони луѓе ширум светот, но тоа не значи дека не треба да внимавате со неа.


Во пицата се содржат многу заситени масти и тоа од различни групи, поради едноставна причина што во неа има многу различни производи кои содржат масти.
Презаситеноста на организмот со масти доведува до намален прилив на кислород до ткивата, вклучувајќи ја и кожата. Поради тоа сврзното ткиво страда и се јавуваат воспаленија. Едно од нив е целулитот.

Преработено месо и сирење
Ако сте љубители на месото и млечните производи – јадете ги во природниот изглед. Преработеното месо во форма на колбас е штетно, исто како и преработените сирење, во форма на суровини за подмачкување.
Во нив има додадени заситени и транс масти, како и бројни додатоци за подигање на формата, хемиски соединенија што ја поддржуваат текстурата на производот и го задржуваат свеж со недели, дури и месеци.
Сите овие материи се таложат во телото и предизвикуваат не само задржување на водата, но и погрешно вршење на метаболичките процеси. Борбата со целулитот ќе е многу тешка, ако ги јадете често таквите производи.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk