Колач од сирење

Целото семејство ќе ужива во овој здрав и вкусен колач, може да го послужите со боровница или некое друго топчесто овошје.

Потребно е:

250 гр брашно

150 гр путер

75 гр шеќер

едно јајце

половина кашичка прашок за пециво

една кесичка ванилин шеќер

изрендана кора од два лимона

малку сол

За фил:

500 гр свежо сирење

150 гр путер

125 гр шеќер

пудинг од ванила

4 јајца

една кесичка ванилин шеќер

Подготовка:

Измешајте ги брашното и прашокот за пециво. Додадете шеќер, ванилин шеќер, сол, јајцем кора од лимон и путер.

Измешајте хомогено тесто, со големина на калап за торта. Ставете го на подмачкан калап, извлечете ги ивиците на висина од три сантиметри, и избодете неколку пати со вилушка.

За филот изматете го сирењето со пудингот и шеќерот, измешајте едно по едно јајце и истопен путер. Со фил исполнете ја формата и ставете во загреана рерна на 175 степени, до еден час.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk