Колку боли исполнување на желбата да се биде мајка

Објавено на: May 16, 2016 од Мама Кате
133171697-540x320

Мејси Родифер со години се борела со неплодност, а потоа нејзиниот сон се оствари и таа е бремена. Својата мака јае илустрираше со фотографија каде се собрани лекови и препарати кои морала да ги користи.

Идната мајка со својот потег на сите им ја соопшти убавата вест и поттикна надеж кај оние кои стравуват дека нема да можат да останат бремени.

На фотографијата наредени се во круг многу шприцеви кои ги користела во текот на обидот на ин витро оплодување, а во средината ултразвучна слика на бебе и детско боди со натпис „Вредеше да се чека и чека и чека“.

– Јас знам дека мојата објава ќе ги повреди жените кои се уште чекаат бебе, затоа што и јас бев една од нив. Сепак, важно ми е не само да ја споделам својата радост, туку и да ја споделам со другите својата борба и да ги охрабрам жените никогаш да не се откажуваат, рече Мејси за Хафингтон Пост.

Таа и нејзиниот сопруг Тајлер четири години се обидувале да добијат бебе, а во текот на тој период таа доживеала три спонтани абортуси, операција на циста на јајникот и неколку ендометриози- случаи кога ткивата почнуваат да растат надвор од матката.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…