Колку изнесува препорачаниот внес на јаглени хидрати во бременоста

Објавено на: Jun 13, 2016 од Мама Ане

Шеќерите се погонско гориво за организмот. Во текот на бременоста од нив треба да потекнуваат околу 50% од калориите.

Оние шеќери кои треба да се избегнуваат се простите шеќери кои брзо се апсорбираат во организмот, особено доколку се земаат надвор од главните оброци. Нивното претерано конзумирање лесно може да предизвика гојазност.

Трудниците значително треба да го намалат нивниот внес преку оброците. Простите шеќери не смеат да бидат застапни со повеќе од 5 до 10% во дневната количина на калории.

Максималниот дневен внес на калории за трудницата се движи до 2000 калории.

Намирниците богати со сложени шеќери кои постепено се разградуваат се потребни, обезбедувајќи до 50% од дневните калории.

Сепак, трудниците не треба да заборават дека и овошјето е богат извор на шеќер кој брзо се апсорбира. На пример, половина килограм грозје има ист број на калории и застапеност на јаглени хидрати како да сте изеле 15 коцки шеќер.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…