Колку калории и се потребни на една трудница

Објавено на: Sep 01, 2016 од Мама Ане

За една трудница најважно правило во исхраната е да се јаде квалитетно, а не квантитетно ( за двајца).

Здравата трудница, во периодот од дваесеттите до четриесеттите години од животот, која не врши тешка физичка работа, дневно треба да внесува околу 2000 калории.

По првите три месеци од бременоста, кога мачнините полека ќе се намалуваат, на трудницата и се потребни околу 200 калории повеќе, односно околу 2200-2500 калории дневно.

Тие 200 калории повеќе најчесто подразбираат поголем внес на овошје и зеленчук, како и протеини.  Пример: 4 јаболки, 50 грама ориз, 3 чаши млеко, 80 грама леб, 30 грама путер и сл.

 

.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…