Колку ултразвучни прегледи се потребни во текот на бременоста

Објавено на: Apr 07, 2016 од Мама Ане

Бројот на ултразвучни прегледи во текот на бременоста во се поголем број случаи ги преминува границите. “Виновници” за преголемиот број прегледи од овој тип се и гинеколозите и трудниците.

Според постоечките протоколи признаени од Меѓународното здружение на гинеколози и акушерки, во секоја нормална бременост се предвидени четири ултразвучни прегледи. Кај ризичните бремености сосема е нормално тој број да биде поголем.

Од друга страна пак, многубројните истражувања наведуваат податок дека просечниот број на ултразвучни прегледи во текот на една бременост е осум.

Се повеќе гинеколози прифаќаат да направат ултразвучен преглед по барање на трудницата. Освен што е интересен момент, ултразвучниот преглед се бара и практикува и при најмала болка во стомакот, непријатност во стомакот, зголемено течение на вагинален секрет и сл.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…