Колку време детето може да помине во вода

Објавено на: Jun 27, 2016 од Мама Силвана
38882_23_630x0

Капењето на бебе помало од една година во море не треба да биде подолго од 10 минути. Не дозволувајте детето да почне да се тресе и устата да му помодри, па дури тогаш да го извадите од вода.

Ако на вас морето ви е студено, знајте дека на бебе до 12 месеци му е уште постудено.

Кога ќе го извадите од вода замотајте го во пешкир. Сончевите зраци лесно продираат низ водата па бебето и за време на капење мора да биде намачкано со заштитна крема со висок фактор, а треба да има и шешир на главата.

Доколку се капе во базен, задолжително истуширајте го бебето со чиста вода, бидејќи водата во базенот има многу хлор која ја суши нежната кожа.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…