Креветот на мама и тато како причина за љубомора кај детето

Објавено на: Dec 15, 2016 од Мама Ане

Тешко е да се остане рамнодушен кога во сред ноќ детето ќе дотрча во собата плачејќи и ќе се вовлече во креветот на своите родители.

Дали е во ред родителите во таа прилика да го разнежнат и охрабрат детето дозволувајќи му да заспие со нив или треба да се задржи отворениот пристап кој диктира одредени граници.

Според психолозите, детето околу втората година доживува еден вид раздвојување од мајката ( мајката оди на работа, детето спие во сопствена соба, поминува време во градинка и сл)

Кога ќе дојде време да спие, неговиот немир и лутина излегуваат на површина. Не е лесно да се стане независен, зарем не. Детето чувствува потреба да пронајде заштита која ја имало во текот на периодот кога било бебе.  Се плаши да спие само и најмногу се смирува и охрабрува спиејќи помеѓу мама и тато, во нивниот кревет.

Детето како и секое дете, истражува околу себе, па исто така сака да ги запознае и правилата за живот по кој се ориентираат возрасните.

Сака да знае дали мама го сака тато со истата љубов како и него и зошто е во ред тие да спијат заедно и сами, а тоа во посебна соба.

Без разлика дали доаѓа во спалната соба поради тоа што навистина имал непријатен сон, или пак  е љубоморно на тој факт дека мама не спие со него, треба сериозно да се поразговара со детето со цел да му се објасни дека во никој случај не треба да се чувствува помалку важно во семејството.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…