Крварење на непцата во бременоста

Објавено на: Sep 15, 2016 од Мама Ане
pregnant-belly-button_wkll5s

Во текот на бременсота непцата стануваат помеки и поосетливи поради делувањето на хормоните што предизвикува зголемување на можноста истите да прокрварат за време на миењето на забите.

Кога непцето крвари зголемен е ризикот за појава на гингивитис-воспалување на непцата и затоа е потребно внимателно одржување на оралната хигиена и посета на стоматолог.

Редовно мијте ги забите ( барем два пати дневно ) употребувајќи мека четкичка за заби која нема да ги надразнува непцата дополнително.

Периодонталното заболување на непцата понекогаш може да укаже на можноста за предвремено породување или раѓање на дете со родилна тежина помала од просечната. Затоа е важно доколу имате крварења на непцата кои се интензивни и не престануваат да посетите лекар.

 

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…