Крварење за време на бременост никогаш не е нормално

Објавено на: May 30, 2016 од Мама Кате

Доколку го имате овој проблем веднаш треба да се конслутирате со вашиот доктор, без разлика дали се работи за рана или пак за напредна бременост. Причините за крварење за време на бременоста можат да бидат најразлични.
Како причини може да се наведат – хормоналните причини, кои се најчести во почетокот од бременоста, разните инфекции, полипите и друго. Но треба да бидеме свесни дека крварењето може да претставува и знак за нешто многу посериозно – спонтан абортус, предвремено породување или одвојување на плацентата.

Во раната бременост, во првото тромесечје, една од причините за крварење може да биде хормоналната нерамнотежа. Доколку имате и најмало крварење вие треба да се јавите кај вашиот гинеколог.

Гинекологот ќе провери како во моментот изгледа грлото на матката и дали има некои знаци за појава на инфекција, која исто така може да биде една од причините за појава на крварење.

Обилно крварење, во комбинација со изразени болки во долниот дел од стомакот, во вид на грчеви, е знак за спонтан абортус. Кога ќе дојде до ваков тежок период од бременоста, родителите сакаат да ја дознаат причината која довела до појава на спонтаниот абортус, но за голема жал во мал број на случаи до тој одговор може да се дојде. Причините за појава спонтан абортус можат да бидат најразлични: различни проблеми во наследниот материјал на фетусот, разни инфекции, влијанието на средината врз развојот на плодот и многу други.

Исто така треба да знаете дека многу е мала можноста спонтаниот абортус да се повтори по втор пат.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…