Квалитети кои треба да ги поседува добриот наставник

Објавено на: Apr 23, 2015 од Мама Кате
Loan-Forgiveness-For-Teachers

Добрите наставници се ретки, а уште поретки се луѓето кои знаат да ги ценат и препознаат истите. Иако некои од квалитетите на добриот наставник се суптилни, сепак некои од нив може прилично лесно да се идентификуваат. Ова е листата на 16 карактеристики кои ги поседуваат добрите наставници:

1. Познавање на својот предмет

Не можете да предавате она што не го знаете. Можеби не треба да сте експерти на вашето поле, меѓутоа процесираното знаење е навистина важно. Наставниците мораат да продолжат да ги градат разбирањата и сфаќањата за нивните предмети низ нивните кариери.

2. Трпеливост

Од нитуеден наставник не се очекува да биде трпелив со ученици кои немаат дисциплина и кои постојано ја прекинуваат наставата. Меѓутоа, трпеливоста е резервирана за оние ученици кои се обидуваат да научат и е дел од професијата на наставникот. Нетрпеливоста со искрените ученици ја покажува лошата страна на наставникот.

3. Интелектуална љубопитност

Сите добри наставници се интелектуално љубопитни и природно се водени од нивните интереси, одржувајќи го чекорот со промените во нивното поле.

4. Самодоверба

Добрите наставници имаат голема самодоверба во врска со нивните способности. Доколку тие имаат самодоверба, тогаш лесно ќе ја препознаат вештината на нивниот ученик да го научат материјалот.

5. Сочувство

Талентираните наставници се способни да работат со ученици кои поседуваат различно ниво на зрелост и знаење. Еднаш еден професор на факултет даде интересна изјава за неговото искуство како наставник: „Секоја година за мене е сè поголем предизвик како наставник бидејќи сум една година постар, а моите студенти остануваат на иста возраст. Токму оваа голема разлика во годините ме тера сè посилно да допрам и да стигнам до нив“.

6. Постигнување

Искусните наставници точно знаат за тоа што нивните ученици треба да имаат научено на крајот на полугодието, и тие знаат што треба да направат за да ги постигнат овие цели.

7. Планирање

Наставниците мораат да имаат планови и да се држат до нив. Ефективните наставници знаат кога на нивните ученици им е потребно повеќе време да го апсорбираат материјалот, и се спремни да им го дадат тоа време.

8. Свесност

Наставниците во основните и средните училишта мораат да имаат очи и на нивниот тил. Тие мораат да знаат за сè што се случува во нивната училница и во соседните ходници. Наставниците кои се постојано „будни“, можат да ги запрат глупостите уште пред да започнат.

9. Менторство

Наставниците често пати се еден вид на ментор за нивните ученици. Желбата позитивно да влијаат врз учениците е клучна за мотивацијата на самите наставници кога започнуваат со нивната професија.

10. Зрелост

Во оваа професија зрелоста е многу поважна од самото предавање. Учениците искусуваат емоционални падови и подеми; само зрелите наставници може да ги почувствуваат промените и да одговорат соодветно.

11. Вклученост во општеството

Одржувањето на добрите општествени врски е дел од самата професија на наставникот, а нивниот контакт со родителите, администраторите и лидерите на општеството е клучно за ефективноста во училницата.

12. Организација

Менторството еден-на-еден може да се спореди со водење на училница со студенти во една насока. Наставниците мораат да знаат како да управуваат со личностите на учениците и да го организираат нивниот предмет, за максимум број на ученици да придобијат од неговата презентација.

13. Визија

Наставата опфаќа многу повеќе од само пренесување на информации од наставниците до учениците. Наставниците треба да можат да го предизвикаат интересот на учениците не само за материјалот, туку и за многу други работи надвор од наставата.

14. Контекст

Секој предмет си има свој контекст, а наставниците се одговорни да им го обезбедат на секој свој ученик. Тие мораат да им покажат како информацијата која ја научиле може да се примени во праксата и може да доведе до развој на некои други корисни вештини.

15. Мисија

Веројатно најважното нешто на наставниците е чувството на задоволство со нивниот избор на професија како нивна животна мисија. Учеењето на највисокото ниво е повик, а добрите наставници го чувствуваат тоа во нивното битие.

16. Ентузијазам

Одличните наставници никогаш не го губијат ентузијазмот во нивната професија. Тие може да станат повремено оптоварени со административните работи и проблемите, но никогаш не смеат да ја заборават нивната работа. Учениците ја чувствуваат оваа енергија, а наставниците кои ја проектираат, се многу поуспешни од оние кои ја немаат оваа енергија.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…