Квасецот е моќно средство против опаѓање на косата

Пекарскиот квасец своите искучителни регенеративни својства им го должи на избалансираниот состав на витамини и минерали со кои располага.

Во составот на квасецот може да се забележат и големи количини на амино киселини, протеини, антиоксиданси како и целата палета на витаминот Б.

Покрај тоа што често се употребува за подготвување на домашни маски за нега на кожата, квасецот може да го искористите и како моќно средство против опаѓање на косата.

За таа цел подгответе ја оваа домашна маска со сув квасец. Во 150 милилитри вода растопете 4 лажици сув квасец. Нанесете на кожата на главата, масирајте 10-тина минути и потоа исплакнете.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk