Лек од суви смокви против маснотии во крвта

Објавено на: Jan 28, 2016 од Мама Ане

Доколку имате зголемено ниво на маснотии во крвта ви го препорачуваме овој ефикасен лек од суви смокви кој им помогнал на многумина.

Потребни состојки за подготовка на овој домашен и природен лек против маснотии се само неколку суви смокви и малку јаболков оцет.

Лекот направете го наавечер а испијте го наутро.

Земете три суви смокви, добро избоцкајте ги со чечкалица за заби од сите страни а потоа ставете ги во стаклен сад кој што претходно сте го наполниле со 200 милилитри јаболков оцет.

Оставете ги смоквите да отстојат до утрото. Наутро на гладно срце изедете ги трите скиселени смокви. Истата количина оцет која ја користевте за првата тура на смокви искористете ја во текот на наредните седум дена.

Потоа истурете го тој оцет и ставете нови 200 милилитри.

Терапијата со овој домашен лек трае вкупно 14 дена.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…