Лимонот во служба на здравата кожа

Цитрусните овошја се вистинско уживање во исхраната, кои носат освежување и богатство од витамини и минерали.

Портокалите, лимоните, лиметата и цитроните спаѓаат во групата на цитрусни овошја.

Освен што располагаат со голема нутритивна вредност, овие овошки нудат вистински благодет во козметиката, особено за нега на кожата.

Лимоните се совршен додаток за вашиот режим за убавина, затоа што тие се познати како природен избелувач. Лимоните ја избелуваат и ја осветлуваат кожата и го изедначуваат тонот на кожата, ги намалуваат лузните од акни и од црнки.

Исто така, длабински ја чистат кожата, ги отвараат порите и ја чистат нечистотијата.

Комбинацијата од мед и лимон има моќ да го намали  црвенилото на кожата, ги чисти акните и ќе направи кожата да ви сјае.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk