Љубомора на ново бебе

Објавено на: Mar 17, 2015 од Мама Весна

Воопшто не е нелогично тоа постарото дете да биде љубоморно на новороденото братче или сестриче. Сите се вртат околу новото бебе, а тоа само плаче. Како да се ублажи тоа чувство на љубомора?

За време на бременоста на своето дете најавувајте му дека во вашиот стомак се случуваат работи кои ќе го сменат досегашниот живот, дека ќе добие братче или сестриче. Тоа е сјаен начин да се спречи љубомората на бебето. Ако сте уште во фазата на бременост, слободно дозволете му на детето да го допира или помилува вашиот стомак, да се јави на бебето, да му отпее некоја песничка, да му „подготви ручек“ ако посака. Постарите деца можат дури да учествуваат во смислувањето на името на идното новороденче, како и во изборот на облеката која ќе му ја купувате.
Разговарајте што повеќе. Опишете му на своето дете како изгледа бебето, покажете му бебе во списание или на телевизија. Кажете му како бебињата се однесуваат во текот на денот и ноќта и како со своето плачење сакаат само да кажат дека се гладни, дека пелените им се можеби мокри или дека нешто им треба, а дека незнаат да се изразат на друг начин. Можете да си поиграте со детето со кукла бебе и на тој начин полесно да му покажете што се случува со бебето во текот на денот и како треба према бебето да се однесуваме, за да не се вознемири или повреди. Кога ќе се роди бебето, пробајте да го вклучите и своето дете во обврските околу бебето, како би се чувствувало корисно и како би разбудиле во него поголем интерес за бебето. Кога ќе го запознавате детето за прв пат со бебето, кажете нешто во стилот: „Драго бебе, запознај се со своето големо, добро и паметно братче(сестриче). Тој ќе ни помага да се грижиме за тебе…“ или нешто слично, што ќе му помогне на детето да се чувствува почестено што има братче или сестриче и дека и понатаму е важно во семејството.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…