Лошата исхрана пред бременоста го зголемува ризикот за предвремено породување

Објавено на: Nov 17, 2015 од Мама Ане
ec31494bc916bec01d005d5839c73d52

Истражувањата спроведени во рамките на Универзитетот во Аделаида докажале дека прехрамбените навики на идните мајки пред бременоста можат значително да влијаат врз должината на бременоста.
Во истражувањето во кое биле анализирани 300 Австралијанки заклучено е дека жените кои што останале доследни на исхраната богата со протеини и овошје пред да останат бремени имаат помал ризик за предвремено породување.

Од друга страна пак жените кои пред бременоста конзумирале поголема количина на храна богата со шеќери и масти имаат за 30% поголем ризик за предвремено породување.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…