Мајчиното млеко ги лекува раните и кожните инфекции

Освен за нега на кожата, мајчиното млеко прави вистински чуда кога е во прашање заздравувањето на раните и смирување на иритациите на кожата.

Во својот состав мајчиното млеко изобилува со антитела кои го заштитуваат бебето од инфекции, но токму тие антитела во комбинација со останатите корисни состојки делува и исцелително кога е во прашање здравјето на кожата.

Многу лекари советуваат дека неколку капки мајчино млеко можат многу да помогнат кога е во прашање пеленскиот осип, бебешките акни и сл.

Исто така, значително може да ги намали непријатните симптоими ублажувајќи ја инфекцијата на ушите и грлото.

Ако вашите дојки се воспалени или брадавиците се зацрвенети и разранети тогаш не се двоумете да ги премачкате со неколку капки мајчино млеко. На тој начин ќе го забрзате процесот на зацелување, а кожата ќе биде мека и глатка.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk