Мајчиното млеко не мора секогаш да има бела боја

Мајчиното млеко како најдобра исхрана за бебињата во доенечкиот период не е исто како она што сте навикнале да го гледате во продавниците и што секојдневно го конзумирате.

Сосема е нормално да го нема буквално истиот изглед поради тоа што станува збор за сосема различен состав на мајчиното и останатите видови на млеко.

Изгледот, бојата и густината на мајчиното млеко може да се променат според тоа што доилка внела во нејзиниот организам и секако според потребите на доенчето.

Во зависност од тоа, мајчиното млеко може да се забележи во различни нијанси од кремаво жолта, синкаста или зеленкаста нијанса.

Во секој случај промените во бојата најчесто се во светли нијанси и многу често се причина за без потребна загриженост кај мајките.

Сепак, секоја доилка треба да знае, дека без разлика на нијансата, без разлика дали ви делува масно и густо или безмасно и воденкасто- вашето млеко секогаш е најсовршеното за вашето дете.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk