Македонските новороденчиња умираат со леснотија

Бебето родено во петокот вечерта на гинеколошко-акушерското одделение во клиничката болница во Тетово, чија 30-годишна мајка почина при породувањето, починало во текот на ноќта во детската клиника во Скопје, информираат министерството за здравство.

Неговата мајка, жителка на село Желино, почина во петокот вечерта, откако била донесена во тетовската болница во состојба кога породувањето било почнато.
За жал оваа состојба не е нова –лошо е што не запира , бебињата и понатаму умираат. Минатата недела во иста ноќ починаа 4ри предвремено родени бебиња , а само месец претходно за десетина дена, битката за живот ја загубија 9 деца.

СТАТИСТИКАТА ПОКАЖУВА ЗАГРИЖУВАЧКИ БРОЈКИ

Лани во земјава починале 273 новороденчиња или просечно на секои 32 часа умирало по едно бебе. Според статистика овие податоци покажуваат дека лани стапката на смртност кај доенчињата изнесува 11,9 на 1.000 живородени.
Бројот на бебињата кои умираат во првата година од раѓањето на 1.000 бебиња во светот е познат како „стапка на морталитет на бебињата“. Македонија е меѓу земјите со пониски стапки на смртност, разбирливо оти високите проценти се во земјите од Африка и неразвиениот свет.

Во Европската Унија, пак починале четири деца од 1.000 кои се родиле лани. Според податоци на CIA, од земјите во регионот во Албанија на 1.000 дечиња, стапката на смртност од лани е 12,3. Во Грција бројот е 4,3, додека во соседна Бугарија стапката на смртност била 8,5.
Во 2015 година 4,5 милиони бебиња умреле во првата година од нивниот живот, а ризикот за смрт е пет пати поголем во Африка отколку во Европа. Просекот може да сокрие голема варијација на смртноста.

НАЈЧЕСТИ ПРИЧИНИ ЗА СМРТ КАЈ НОВОРОДЕНЧЕ

Недоволниот број на респиратори за дишење, инкубатори, немањето простор за интензивна нега, болничките инфекции од кои умираат бебиња, лошите услови, нарушените меѓучовечки односи меѓу лекарите се дел од причините за зголемената смртност на новороденчиња, тврдат на Клиниката за гинекологија.
Алармантните бројки ги разбудија здравствените институции. Санитарните инспектори повторно се впуштија во вонредни иснпекциски контроли, кои овој пат ќе траат цела недела. Нема да бараат само интрахоспитални инфекции на клиниката, туку ќе ги лоцираат сите можни пропусти и проблеми.

Картон по картон – болничка историја по болничка историја. И самата Клиника за гинекологија ќе ја проверува документацијата на секое починато новороденче за да ја лоцира главната причина за црните статистики. Во меѓувреме состојбата е непроменета. Смртноста на новороденчињата се случи во многу кус период. Ова е одделението за интензивна нега на новодроденчињата. Овие бебиња имале среќа да се родат здрави, но и да преживеат. Среќата на родителите е уште поголема ако на државната клиника најдат слободен инкубатор за нивното бебе. На интензивна има само дваесет инкубатори, а бебиња често и над 50. Но, ова не е единствен проблем. Капацитетите за породување се 4000 пациенти годишно, а овде се вршат и 6000 породувања.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk