Мали, а толку љубопитни

Вашето дете постојано има „илјада“ прашања, а вие ретко кога имате одговор? Фактот е дека децата во одреден период премногу прашуваат, бидејќи се ги интересира и тоа треба да се испочитува.

Стручњаците велат дека е погрешно да ги игнорирате или да им кажете дека се здодевни, затоа што тоа негативно влијае на нивниот развој. Во првите години од животот најбрзо учат и се што ќе усвојат, ќе им биде драгоцено.

Затоа треба да ја негувате нивната љубопитност и да одговорите да прашања кои детето ви ги поставило или да знаете дека ги знае, бидејќи тоа на тој начин ја искажува потребата да потврди некои знаења или да се увери дека и другите поминуваат низ исти искуства. Колку и да сте заморни, потрудете се околу одговорите.

Ако не ги знаете, обидете се со заеднички сили, или пуштете ја фантазијата.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk