Мали корисни трикови како шминката да ви трае подолго

Изборот на добрата подлога е најважен ако сакате шминката да ви трае во текот на целиот ден.

Поголемиот дел од жените нанесуваат коректор откако ќе ја нанесат подлогата, односно течната пудра. Но, ако сакате шминката да ви потрае прво нанесете коректор а потоа подлога.

Исто толку важно и корисно е нанесувањето на неутрална сенка на рабовите од капакот од окото. Можете да изберете крем или бела боја на сенката за очи која што не само што ќе придонесе моливчето за очи да не се размачка толку брзо, туку и ќе овозможи да изгледате свежо во текот на целиот ден.

Подлогата за усните е исто толку важна за да се овозможи долготрајност на карминот.

Пред да нанесете кармин, нанесете подога од течна пудра, тонирана крема или коректор во облик на крем.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk