Маслото од мајчина душица ги ублажува дури и најинтензивните менструални болки

Мајчината душица е билка која наоѓа голема примена во народната медицина.

Најчесто таа се користи за лекување на дигестивните заболувања, меѓу кои и проблемите со подуеност во стомакот и проливот, како и против артритис, воспалувања на грлото, кашлица и бронхитис.

Интересен е податокот што доаѓа од истражување спроведено од група американски научници кои велат дека чистото масло произведено од мајчина душица има најслични својства и делува слично како синтетичките аналгетици, пред се бруфенот.

Во народната медицина најприменуван е лекот од мајчина душичка со кој успешно се ублажуваат дури и најинтензивните менструални болки.

За таа цел потребно е со масло од оваа билка да се масира долниот дел од стомакот во пределот на матката и јајниците со интензивни кружни движења во времетраење од петнаесетина минути до половина час.

 

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk