Милениците помагаат при дебелеење кај децата

Доколку малите деца од најмала возраст ги изложите на присуство од миленици, може да им помогнете за намлување на ризикот од развој на алергии и дебелина подоцна во нивниот живот, се вели во новата студија.

Истражувачите откриваат дека бебињата кои живеат во семејство каде што се чува милениче имаат поголеми шанси да задржат корисни микроби, Ruminococcus и Oscillospira, кои се поврзани со намалување на алергии и дебелина, а корисната експозиција може да се пренесе на бебињата уште додека се во утробата.

Со други зборови, дури и ако семејството го даде на подарок нивниот влакнест пријател пред бебето да се роди, присуството на животно во текот на бременоста кај мајките може да има микробиолошки предности за сеуште нероденото дете.

Anita Kozyrskyj, педијатриски епидемиолог од Универзитетот во Алберта, Канада и нејзиниот тим, анализирале фекални примероци собрани од 746 бебиња, родени од мајки кои чувале миленици во текот на бременоста во периодот меѓу 2009 и 2012 година.

Половина од децата во оваа група биле изложени на барем еден миленик пред, или после раѓањето, а 70 проценти од милениците биле кучиња.

Кога фекалните примероци од изложените бебиња биле споредени со примероците земени од бебиња кои не живеат во семејства каде има миленик, се покажало дека корисни микроби живеат кај децата кои чувале миленик во значително поголем процент.

Исто така постојат најнови докази дека изложувањето на пријателски бактерии, уште во најраната возраст на децата, може да ги заштити од големи здравствени проблеми подоцна во животот како што е астмата.

Kozyrskyj, во нејзината претходна студија уште во 2013 година на истата тема забележала здравствен бенефит кај децата поради присуство на миленик, но таа студија вклучувала замо 24 доенчиња и не е досега објавена.

Во други претходни студии пак е забележан бенефит од чување на миленик во социјалниот развој на децата со аутизам, намалување на анксиозност и стрес, па дури и замена за подобро друштво од брат или сестра.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk