Миоми во бременоста

Објавено на: Dec 05, 2016 од Мама Ане

Миомите во  бременоста се откриваат со помош на ултразвучен преглед кај околу 3% од трудниците.

Едно американско истражување во кое учевствувале околу 64,000 трудници докажува дека миомите се почести кај трудниците постари од триесет години, односно помлади од триесет и пет години.

Исто така, се смета дека миомите се почести кај гојазните трудници.

Миомите во текот на бременоста можат да допринесат за појава на можни компликации како што се:

– предвремено породување

– спонтан абортус

– предвремено прскање на воденикот

– плацента превија

– крварење во бременоста

На можноста за појава на овие компликации во голема мерка влијае големината на миомите, бројот и нивната локализираност. Се смета дека компликациите се поголеми доколку миомите се поголеми од пет сантиметри.

Породувањата во случај на постоење на миоми на матката често се завршуваат со царски рез.

Положбата на миомите влијае и на положбата на бебето во матката, па затоа честа е карличната поставеност на бебето, причина плус породувањето да заврши со царски рез.

 

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…