Мојот син има аутизам, тој не е размазен, ниту невоспитан-ние само водиме битки за кои вие останатите не ни сонувате

Објавено на: Apr 01, 2016 од Мама Ане

Емотивен текст кој на многумина може да им помогне да разберат како се чувствуваат мајките секогаш кога некој со презир ќе го осуди однесувањето на нивните аутистични деца.

“Да, јас сум мајката на тој преубаво, според вас размазено, момче кое често кога ќе се најдеме на јавно место се однесува недолично-се фрла на подот, вика гласно, ги расфрла работите околу себе, ја удира својата мајка, ја гризе…

Секој пат на тие несакани сцени добиваме публика која ни посветува многу големо внимание, сите погледи се упати кон нас. А позади сите тие осудувачки погледи често слушам и коментари низ шепот секако за да не би ги слушнала јас – “види, како е ова дете невоспитано“, “види го тоа детиште“, “боже сочувај ме од вакво дете“….

А јас.. Па, понекогаш се обидувам да го игнорирам неговото однесување, се обидувам да останам смирена, да не паничам. А така во очите на останатите изгледам како безобзирна и безчувствителна мајка.

Само кога би знаеле колку ме болат тие разорни погледи упатени од луѓето во околината кои го сметаат мојот син за невоспитан и размазен. Тој е се, само тоа не.

Мојот син има аутизам.

А публиката тоа не го гледа. Често го премолчувам тој факт, затоа што ако го кажам зборот аутизам, публиката ќе се разбега како да имам темпирана бомба а не дете со посебни потреби.
Мојот син не зборува. Тој не е во состојба да ги искаже своите желби, чувства и потреби на истиот начин како што го прават тоа останатите деца. Но, ако не знае да се искаже тоа не значи дека не чувствува. Фрустриран е бидејќи можеби му е топло, можеби е жеден или нешто го боли. Но тоа често пати ниту јас не го знам. Тој е дете како и сите други деца, но неговиот начин на комуникација се разликува од останатите.

Има потреба да се игра со другите деца, да го прави истото што го прават и тие, иако признавам дека не е толку вешт во тоа. Но има работи во кој што е многу подобар од останатите деца, работи во кој што е едноставно брилијантен.

Тој не е болен, ниту помалку вреден-тој е само поинаков. А да се биде поинаков не значи ништо друго освен тоа-дека си поинаков. Голема е убавината во различноста што не чини посебни.
Мојот син не разбира кои играчки се убави и скапи, нему ништо не му значи ако му подарите нешто што чини цело богатство или пак му подарите еден мал автомобил бидејќи тој има мерка која што се вели убавина, радост и благодарност, а не пазарна вредност.

Тој е најискреното дете кое некогаш ќе го сретнете бидејќи не ги разбира човековите скриени намери, ќе ве прегне во најтоплата прегратка дури и ако воопшто не ве познава.

Тој може со часови да гледа преку прозорецот. Со часови може да им се воодушевува на дрвата кои се нишаат на ветрот, да ги набљудува облаците, птиците, авионите и преубавите едноставни детали на животот кои многу од нас не ги приметуваат.

Сака да лежи на трева, се смее кога ќе заврне дожд, не се плаши од мравки, пајаци и останати инсекти туку напротив, со задоволство ги држи во раце бидејќи не знае што е тоа страв.
Тој е едно совршено суштество дури и ако не го поседува основното средство за комуникација – говорот.

Јас го сакам својот син безусловно, баш таков каков што е. Само што моето мајчинство е многу потешко од вашето бидејќи имам стравови за кои многу мајки не ни сонуваат дека постојат.
Нашиот пат е тежок, полн со трња, камења и трскот, но најмногу полн со човечката глупост и бездушност.

Секој ден се борам со незнаењето, предрасудите и осудувачките погледи на останатите луѓе.
Затоа ве молам, следниот пат кога ќе видите мајка со дете кое се фрла на улицата немојте да ја осудувате. Не е се така како што изгледа. Можеби токму таа мајка која ја сметате за бесчувствителна секојдневно води битки за кои вие не ни сонувате.

Наместо да ја осудите, насмевнете и се, понудете и помош или едноставно продолжете понатаму по патот велејќи “сите деца го прават тоа“!“

Азра Љаиќ Пеказ, мајка на прекрасно аутистично момче


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…